More

    Кралицата Камила ќе ја загуби титулата ако кралот Чарлс умре

    spot_img

    Пред неколку недели во Лондон беше крунисан кралот Чарлс Трети (74) и неговата сопруга, кралицата Камила Паркер Боулс (75).

    По Чарлс, тронот би требало да го наследи принцот Вилијам, во тој случај Камила би ја изгубила титулата кралица бидејќи не е мајка на кралот.

    Камила, од друга страна, би ја добила титулата „Queen Dowager“, односно титулата кралица вдовица.

    Сите вдовици на кралевите имале статус на кралица вдовица, но бидејќи повеќето од нив биле мајка на кралот кој го наследил престолот по смртта на таткото, титулата не е користена уште од 19 век и кралицата Аделаида од Саксо – Мејнинген, која била вдовица на Вилијам Четврти.

    Инаку, крунисувањето на кралот Чарлс се одржа на 6 мај. Крунисувањето во живо можеше да се следи од сите краеви на светот, а започна со голема кралска поворка која тргна пред Бакингемската палата. Чарлс и Камила патуваа низ улиците на Лондон во кочија која првенствено била направена за дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

    Церемонијата се одржа во Вестминстерската опатија и траеше околу два часа. Присуствуваа 2000 гости. По крунисувањето, тие се вратија во палатата каде од балконот ги поздравија бројните обожаватели и жители.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img