More

    Три лица се повредени на патот Крива Паланка – Куманово, атар на село Псача, општина Ранковце

    spot_img

    Две лица се потешко повредени, а едно полесно во сообраќајната несреќа што вчера попладне се случи во атарот на селото Псача, Општина Ранковце.

    Во несреќата учествувале две возила, патничко моторно возило „тико“ и товарно возило со српски регистарски ознаки, при што тројцата повредени се превезувале со „тикото“.

    – На магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, атар на село Псача, општина Ранковце, околу 14 часот се случи сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот З.К. од Крива Паланка и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од 48-годишниот Б.С. од Република Србија – информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.

    Таа изјави дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле З.К.(52) и неговата сопатничка М.К.(52) од Крива Паланка, додека со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило на возраст од 21 година, Д.К. од Крива Паланка. Повредените биле пренесени со возило на Итна медицинска помош Крива Паланка во Општа болница во Куманово каде се констатирани повредите.

    Во интервенцијата за извлекување на повредените од оштетните возила се вклучила и екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img