More

    Новак Ѓоковиќ најверојатно нема да се соочи со казна за неговата порака за Косово што ја објави на Отвореното првенство на Франција

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ најверојатно нема да се соочи со казна за неговата порака за Косово што ја објави на Отвореното првенство на Франција, изјавија официјалните лица на турнирот. Тениската ѕвезда по победата во првото коло на една до камерите на настанот напиша „Косово е срцето на Србија, стоп за насилството“  по неговата победа.

    Во изјавата цитирана од британски Мирор, претставниците на Ролан Гарос рекоа дека „нема официјални грен слем правила за тоа што играчите можат или не можат да кажат“.

    Организаторите додадоа дека „Француската тениска федерација (ФФТ) нема да дава никаква изјава или да зазема став по ова прашање“.

    Ѓоковиќ призна дека неговата порака од камерата предизвика критики на интернет, но инсистираше дека „ќе го направи тоа повторно“, каква и да биде казнатa за тоа.

     

    – Косово е нашето срце, упориште, центар на најважните настани, таму се случи најголемата битка, најмногу манастири. Има многу причини зошто го напишав ова – објасни тој.

    Коментарите на Ѓоковиќ дојдоа откако во понеделникот избувна насилството во неколку градови на северот на Косово, додека локалните Срби протестираа против новопоставените албански градоначалници.

    Во одбрана на Ѓоковиќ неодамна застана и српскиот играч Миомир Кечмановиќ. На прашање од британски новинарда го коментира тоа што Ѓоковиќ „се истрчал“ да напише дека Косово е срцето на Србија.

    – Новак е херој на нацијата во Србија, тоа не е ништо сензационално. Насилството е непотребно никаде во ова време, особено во татковината, тој направи нешто нормално, реагираше, нормално е да се напише нешто такво. Не треба да навлегувате политика и да зборувате за тоа, а луѓето со одреден статус, нивниот глас треба да се слушне, луѓето се свртуваат кон нив и ги слушаат нивните херои и луѓето што ги сакаат. Јас немам семејство и пријатели во таа област (во политиката) но без разлика, работите не се ништо помалку лоши (и во мојот случај) – рече Кечмановиќ за својот сонародник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img