More

    На стриптизета ѝ платил 10.000 долари за да ѝ ги лиже стапалата

    spot_img

    Со години се шпекулира дека еден од најуспешните режисери на сите времиња Квентин Тарантино има фетиш на стапала, а странските медиуми сега пишуваат дека наводно еднаш  ѝплатил на жена која работела во стриптиз бар 10.000 долари само за да ѝ ги лиже стапалата.

    Работник во стриптиз барот „Луди девојки“ во Холивуд по име Лоулајф ги сподели бизарните детали во подкастот „Get in the Car“. Тој вели дека Квентин еднаш побарал ВИП соба со танчарка која има најголеми гради и задник. Тој раскажал како и самиот бил љубопитен, па гледал што прават.

    „Тој ѝ ги соблече чизмите, една по една, само за да може да почне да ѝ го лиже долниот дел од стапалата и да ѝ ги цица прстите. По 30 минути Тарантино застана, а нејзините стапала беа збрчкани како суви сливи. Мислам дека ѝ даде 10.000“, тврди Лоулајф.

    Режисерот во своите филмови често прикажуваше актерки без чорапи во крупен кадар. На обвиненијата за фетишот на стапалата, Тарантино се бранеше објаснувајќи за магазинот „Џеј Кју“ дека стапалата се појавуваат во бројни филмови на квалитетни режисери како Луис Буњуел, Алфред Хичкок и Софија Копола.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img