Што стои зад новата владина тактика за притисок врз „противниците на ЕУ“?

Lorita
By Lorita 11 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Покрај најавата дека е цврсто решен да го потпише договорот за „Бехтел и Енка“, претседателот Стево Пендаровски на вчерашната прес-конференција, случајно или не, упати порака за уставните измени, односно за внесувањето на Бугарите во Уставот и прилично ја зачуди македонската јавност со своето необично барање:

– Собраниската процедура за уставните измени да започне и без обезбедено двотретинско мнозинство – порача шефот на државата.

Дел од политичките аналитичари со коишто разговараше Плусинфо сметаат дека ваквата изјава на претседателот не претставува ништо друго освен најава за силен притисок и за уцени што наскоро ќе бидат извршени врз пратениците од опозицијата за да гласаат за уставните измени.

Други, пак, не гледаат ништо спорно и проблематично во изјавата на Пендаровски, туку напротив, како што појаснуваат експертите, советот на претседателот е да не се губи време со лепење етикети врз луѓето, но и да се отвори некаква дебата којашто ќе нѐ доведе до решение.

Во меѓувреме, раководството на најголемата опозициска партија во земјава ВМРО-ДПМНЕ веќе почна да се жали дека притисокот врз пратениците е пуштен на најјако.

Ни вршат сериозни притисоци

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, директно го обвинува премиерот Димитар Ковачевски дека оди по странски амбасади и ги моли амбасадорите да извршат притисок врз пратениците од опозицијата за да ги изгласаат уставните измени.

Точно е дека имаме сериозни притисоци за прифаќање на бугарскиот диктат. Мислат дека со повици за средби, со поединечни разговори ќе попуштат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Христијан МицкоскиВМРО-ДПМНЕ

– Наместо да работи на гаранции за Македонија, премиерот оди по амбасади и коленичи и моли да го притискале ВМРО-ДПМНЕ, да правеле притисок врз ВМРО-ДПМНЕ да попушти. Наместо да штити државни интереси и да бара гаранции Македонија да не биде понижена, Ковачевски оди и моли да има притисок врз нас за да го прифатиме неприфатливото. Секогаш сум бил искрен, и наспроти сите политичари познати од лошото искуство и минато на нашиот народ кои лажеле за состојбите во кои се наоѓаме, секогаш ја кажувам вистината. Точно е дека имаме сериозни притисоци за прифаќање на бугарскиот диктат. Мислат дека со повици за средби, со поединечни разговори ќе попуштат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Но, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и јас, единствено што сме должни е да го слушаме народот на Македонија – порача Мицкоски.

Тој посочи дека од власта се поклонуваат пред канцеларии и кодошат по амбасади, додека, пак, опозицијата единствено му се поклонува на народот.

– По линија на помал отпор за да останат на власт, поисплатливо им е да го губат достоинството и да газат по Македонија. Јас  и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, единствено се поклонуваме и го слушаме народот. И никогаш, повторувам никогаш, нема да прифатам да се свитка кичмата на Македонија. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се со народот на Македонија и секој еден од нив, секој еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја има мојата поддршка да истрае. Да го слуша народот и да биде на страната на Македонија. Секој еден пратеник, ја има огромната поддршка од граѓаните да истрае во оваа наша битка – порача Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Мицкоски додаде дека повеќе од 80 проценти од македонскиот народ е против прифаќање на бугарскиот диктат.

Никаква провокација

Поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски, пак, вели дека изјавата на Пендаровски не била злонамерна и дека целта на шефот на државата била да се забрза процесот.

– Не треба да го губиме времето со лепење етикети врз луѓето – дали се проевропски или контраевропски настроени. Токму тоа сакаше да го каже претседателот Стево Пендаровски кога порача уставните измени да влезат во собраниска процедура и покрај тоа што власта нема двотретинско мнозинство. Оти, кога ќе се случи тоа, веднаш ќе се види кој и каде влече, но и конечно ќе ни биде јасно дали Македонија воопшто има капацитет за да направи уставни измени. Едните сега велат дека можат да обезбедат двотретинско мнозинство, а другите, пак, тврдат дека нема шанси да се случи такво нешто. Затоа, нека влезат уставните измени во Собранието, па да видиме кристално јасно како стојат работите, дали имаме моќ да го промениме Уставот или ќе треба да се менува целата тактика – објаснува Петковски.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на државата беше многу прецизен во своето обраќање, забележува Петковски.

– Да не се губи енергија за меѓусебно препукување и да не си лепиме етикети. Искрено, јас не гледам ништо лошо во советот од претседателот да не се губи време или да се отвори некаква дебата којашто ќе нѐ однесе до решение. И тука нема никаква провокација. Напротив, претседателот сака поскоро да излеземе на чистинка и конечно да ни стане јасно дали во Собранието има или нема поддршка за промена на Уставот – објаснува Петковски.

Да не си им во кожата…

Од друга страна, политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во разговор за Плусинфо вели дека притисокот на власта врз опозицијата е константен, но истовремено и таен.

Доколку не прифати да учествува во процесот, Мицкоски дефинитивно ќе биде етикетиран како човек кој одработува за руските интереси во Македонија, наспроти американските.

Благојче АтанасоскиПолитички аналитичар

– Притисокот врз пратениците од опозицијата е особено жесток од страна на американската надворешна дипломатија, која, секогаш кога ќе загусти, едноставно не бира методи, средства и начини како да ја оствари својата замислена цел. Во моментов, не би посакал да сум му во кожата на премиерот Димитар Ковачевски, но уште повеќе да не си му во политичката кожа на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Доколку не прифати да учествува во процесот, Мицкоски дефинитивно ќе биде етикетиран како човек кој одработува за руските интереси во Македонија, наспроти американските. Може да влече директно искуство од поранешниот грчки премиер Костас Караманлис и од поранешниот македонски премиер Никола Груевски, па да се потсети како завршија нивните политички кариери откако му се спротивставија на американскиот интерес во Македонија и во Грција, а со тоа и на поширокиот регион на целиот Балкан и Југоисточна Европа – вели Атанасоски.

Евидентно е дека во овој момент власта го нема потребното двотретинско мнозинство за да ги истурка уставните измени, а тоа значи дека власта е ставена пред свршен чин со преземената обврска, додава тој.

– Изјавите на американскиот висок претставник, на американската амбасадорка кај нас, но и на речиси буквално сите европски претставници одат во насока на тоа: прифаќање на Бугарите во Уставот, за продолжување на европските интеграции на Македонија. Уставните измени во Собранието би се гласале и без обезбедување на потребното двотретинско мнозинство со цел да се стави опозицијата пред свршен чин. Институционално да го прифати ,,европскиот пат“ или патот на Левица, согласно вордингот на власта. Но тоа крие и други ризици: обид за преповторување на т. н Преспанско сценарио, кога одметнати пратеници од редовите на опозицијата, ќе треба да бидат изложени на,, столбот на срамот” и да го направат потребниот цензус. Роковите течат, веќе сме влезени во фото-финиш, наскоро ќе ја видиме разрешницата на оваа нова македонска сага – објаснува Атанасоски.

Џафери: Секое одлагање на уставните измени ќе донесе потешки решенија

Секое одлагање на изнаоѓање решение за Македонија да продолжи на патот кон ЕУ значи дека наредното евентуално решение би било уште потешко, смета претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите околу уставните измени.

Согласно сите рокови, целата процедура доколку се обезбеди двотретинско мнозинство, во најоптимални услови би траела 4 и пол месеци, но ако за време на јавната и комисиска расправа се црпат сите рокови, тогаш може да трае и повеќе од 6 месеци….

– Откако Владата ќе ги достави нацрт-амандманите до Собранието треба да поминат 30 дена за да се организира јавна расправа. Седницата може да почне и со 61 пратеник, за усвојување на дневниот ред. За Одлуката за пристапување кон менување на Устав е потребно двотретинско мнозинство. Исто така е потребно да се гласа и по Бадентер – согласно член 131 од Уставот. Од присутните пратеници, 80 мора да гласаат ЗА. Потоа најверојатно ќе треба да се гласа уште еднаш, по Бадентер, бидејќи точките на кои се однесуваат уставните амандмани ги засегаат заедниците. Ако се земе предвид дека по Бадентер гласаат 40 пратеници, тогаш мора барем 21 да гласаат за уставни измени – рече Џафери.

Постапката ќе започне во средината на јуни

Предлог-иницијативата за уставни измени се наоѓа во Министерството за правда каде што се проверува од номотехнички аспект, а потоа ќе биде дадена на превод на албански јазик, информираат за МИА од Министерството за правда.

Оттаму велат дека откако ќе биде подготвена таа ќе биде испратена до Владата, која треба да ја разгледа и усвои. Потоа, предлог-иницијативата ќе биде доставена до Собранието.

Според информации на МИА, постапката за носење на уставните измени би требало да започне во средината на јуни.

Share This Article