Режисерот Мартин Скорсезе најави дека следниот филм на кој ќе работи ќе биде – за Исус.
Оскаровецот Скорсезе (80) се сретна со папата Франциско во Ватикан во Италија каде што најави дека планира да започне со работа на филмот за Исус.
„Одговорив на апелот на папата до уметниците на единствениот начин на кој знам: замислувајќи и пишувајќи сценарио за филм за Исус“, рече Скорсезе за време на конференцијата во Рим, пренесува Varajeti.
И јас ќе почнам да го правам, додаде тој.
Скорсезе не сподели други детали за претстојниот филм.
Најавата доаѓа неколку дена по премиерата на неговиот филм „Убијци на цветната месечина“ на Канскиот филмски фестивал.
Скорсезе, меѓу другите, ги режираше филмовите „Таксист“, „Двоен чин“ (The Departed), „Волкот од Волстрит“, „Бандите на Њујорк“, „Ирецот“…