Совршената венчавка бара многу планирање, пари и стрес за да се осигура дека заљубената двојка ќе помине без проблеми на големиот ден. Но, сонот на една невеста се претвори во кошмар токму кога започна првиот танц со нејзиниот нов сопруг.
Австралијката Медлин Вајс на интернет сподели кратко видео од првиот танц, а она што може да се види на него изненади многумина.
„Ова го откривме под мојот фустан неколку минути по нашиот прв танц…“ напиша таа додека камерата ја сними нејзината венчаница обоена со крв.
Изгледаше дека Медлин крвари од ногата бидејќи на фотографијата се гледа марамче над нејзиното колено.
„Тоа е пијавица! Секогаш има нешто што не оди баш како што треба на вашата свадба, нели?“, напиша таа.
Како што пренесува Јутарњи, подоцна објаснила дека пронашла уште две пијавици – една под нозете и една во пределот на коленото, за кои се сомневала дека и ја цицале крвта дури три часа.
Набрзо пристигна објаснување.
„Ги фатив додека се фотографиравме. Отидовме во природа, каде што имаше кал и висока трева и мислам дека таму ми се залепија. Танцував на подиумот кога свекрва ми ме зграпчи и ми рече: Дојди со мене. Отидовме во тоалет, таму ми го крена фустанот и ја покажа крвта. Мислев дека имам менструација, а потоа ми покажа пијавици!“, го опишала Медлин настанот кој за малку ќе и ја уништил свадбата.