Украина негираше дека била директно вмешана во нападот со дрон во Москва.
Заменик-претседателот на Украина Михаило Подољак негираше директна вмешаност на Киев, но нагласи дека „Украина уживала гледајќи ги тие настани“ и предвиде зголемен број на такви напади.
„Што се однесува до нападите, секако дека сме задоволни што го гледаме тоа и очекуваме зголемен број на такви напади. Но, се разбира, ние не сме директно вклучени во нив“, потенцира Подољак.
Русија претходно објави дека Украина го извршила досега најголемиот напад со беспилотни летала на Москва, но дека руската противвоздушна одбрана ги уништила сите осум беспилотни летала.