More

    Реки луѓе по белградските улици, започна протестот „Србија против насилство“

    spot_img

    Во Белград започна четвртиот по ред протест под мотото „Србија против насилство“, откако на почетокот на месец мај се случија две масовни убиства во Србија. Овојпат, протестот нема да се одржи на мостот Газела, туку планот е да се направи обрач околу националната српска телевизија РТС, каде од јавниот сервис ќе побараат на вистински начин, непристрасно и одговорно да известува за проблемите на општество, масовните убиства, протестите и барањата на протестите, како и за начинот на кој можат да ја надминат оваа трагедија. Протестот ќе трае до 22 часот.

    Во соопштението, организаторите ги повикаа граѓантие да донесат цвеќе и да го остават пред Собранието „за да покажат почит кон жртвите на масовните убиства и сочувство за семејствата и пријателите на починатите“.

    – Бараме од сите граѓани да покажат најголема можна одговорност кон мирниот и ненасилен карактер на протестот. Режимот нема одговор на ова и тие би сакале да има насилство или инцидент. Организаторите ги повикуваат сите граѓани, поради чувствителноста на моментот во кој се одржува протестот, да покажат дополнителна доза на одговорност и во случај на какви било провокации веднаш да се оддалечат од провокаторите, да ги изолираат и да не дозволете им да манипулираат со протестот – велат тие.

     

     

    Севкупните барања на организаторите на протестот се:

    – одземање на национални фреквенции од телевизии кои им служат на граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и Хепи ТВ;

    – смена на сите членови на Советот на РЕМ, чиешто непостапување овозможило непречено ширење на омраза и насилство;

    – затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот кодекс;

    – замена на раководството на РТС;

    – итно да се прекинат програмите што промовираат насилство, неморал и агресија на телевизија со национална фреквенција, како што се реалните шоуа;

    Причината за овие протести се двете масовни убиства што се случија во Србија во почетокот на месец мај. Во основното училиште „Владислав Рибникар“, 13-годишен ученик уби девет деца и чуварот, а повредени се седум деца, додека во масакрот во Младеновац, починаа осум, а ранети беа 14 лица.

    Граѓаните во Србија се кренаа на нозе и организираа протести против насилство на кои упатија низа критики до власта за промовирање на насилство во јавниот простор и медиумите. Секој од трите протести беше се помасовен од претходниот. На вториот протест биле приустни околу 50.000 луѓе, а на третиот и до 100.000 луѓе.

    Во Белград вчера беше организиран митинг на владејачката Српска напредна партија (СНС) под мотото „Србија на надежта“, како одговор на протестите што ги организира опозицијата.

    – Србија секогаш ќе биде ваша мајка, а ние сме еден народ кој живее во различни држави – порача српскиот претседател Александар Вучиќ на големиот партиски собир во Белград, обраќајќи се пред илјадниците симпатизери донесени со автобуси од сите краишта на Србија, но и од Босна, Косово, Црна Гора и Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img