Холивудската актерка Скарлет Јохансон (38) по две години успеа да го продаде својот момински стан за 1,87 милиони долари. Актерката живеела во него по двата пропаднати брака, а њујоршкиот пентхаус го ставила на продажба откако се омажила за комичарот Колин Џоста (39).
Ѕвездата од филмовите на „Марвел“ го купила имотот од 117 метри квадратни во 2008 година за нешто повеќе од 2,1 милион долари, пренесува „Њујорк пост“.
Пространиот стан со поглед на Ист ривер има две спални соби и две бањи, голема дневна соба, кујна и трпезарија и огромен плакар.
Фотографиите од станот се достапни на интернет откако тој е ставен на продажба, а обожавателите не биле премногу воодушевени.
– Ова е далеку од луксуз, забележете ги ниските тавани, малата квадратура на собите. Тоа што се вика пентхаус и што е во стакло не го крие фактот дека станува збор за стан со големина на кутија за чевли – коментирал еден.
„Ова воопшто не е некој раскошен дом, а не е ниту скап според њујоршките стандарди“, рекол друг разочаран обожавател.
Во улогата на суперхероината Црна вдовица во дури шест филмови на „Марвел“, актерката заработи 56 милиони долари.
Погледнете ги фотографиите од станот:
ФОТО: Инстаграм