Најмалку едно лице загина, а 15 се ранети во ракетен напад врз болница во Днипро, град во источна Украина.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека нападот се случил и додаде дека властите работат на спасување на другите од болницата, пренесува Би-Би-Си.
Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и рече дека сите служби се на терен.
Серхиј Лисак, регионалниот гувернер, претходно изјави дека градот бил нападнат со ракети и беспилотни летала.
Украинските власти соопштија дека собориле 17 ракети и 31 дрон испратени од Русија.
Неколку беспилотни летала и ракети погодија цели во Днипро и Харков, вклучително и складиште за нафта.