Поплавените куќи и улици во синоќешното невреме во Гостивар се исчистени, а штетите се санирани, информираа од Центарот за управување со кризи.
Според информациите на терен, во Гостивар, најмногу пријави за штети има во населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште.
Невремето, како што информира ЦУК, предизвика и краткотраен сообраќаен хаос. На повеќе места обилните врнежи предизвикаа и помали одрони на земјиштето кои исто така со помош на механизација се санирани.
Силно невреме вчера попладне ги зафати Велес и Гостивар. Во градовите беа поплави голем број улици и неколку домови.