More

    Милaновиќ смета дека е можно Албанија сама да го продолжи преговарачкиот процес за влез во ЕУ

    spot_img

    За жал, постои можност Албанија и Република Северна Македонија да бидат одвоени во преговарачкиот процес за влез во ЕУ, бидејќи Република Северна Македонија има одредени услови кои доколку не ги исполни, нема да може да продолжи, рече хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој е во официјална посета на Бугарија по покана на шефот на бугарската држава Румен Радев.

    Тој смета дека Албанија најверојатно сама ќе може да го продолжи преговарачкиот процес.

    – Сега ќе дојдеме до таму што најверојатно Македонија, доколку не ги направи овие уставни измени на кои се обврза, ќе треба да почека време кога ќе го стори тоа. Тоа е услов што постои, а кој ЕУ го прифати. Македонија го потпиша овој услов и мора да го исполни – изјави Милановиќ, пренесува „БТА“.

    Хрватскиот претседател коментира дека сите овие земји веќе треба да бидат дел од ЕУ, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија.

    Министерот за надворешни работи Бујар Османи пред неколку дена изјави дека се појавува нова патека за Западен Балкан, пред се поврзано со геополитичкиот момент и со Украина. Османи потенцира дека сега е во наши раце дали ќе бидеме дел од таа патека или ќе се изолираме. Албанија, додава тој, ќе се приклучи на Србија и на Црна Гора, ние ќе останеме со БиХ и со Косово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img