Доаѓа новата Opel Corsa – и доаѓа оваа година. Уште посмела, уште поемотивна, уште поинтуитивна за управување и со целосно нови електрични и хибридни погони, новата генерација ќе ја зајакне традиционалната моќна понуда на Opel во сегментот на мали автомобили.
Новата Corsa воодушевува со својот нов дизајн, вклучувајќи го карактеристичното лице на брендот Opel Vizor напред и буквите на Opel поставени самоуверено во средината на задниот дел. Најсовремените технологии го прават возењето порелаксирано. Како опција, новата Corsa е опремена со целосно дигитален кокпит базиран на Snapdragon Cockpit платформи од Qualcomm Technologies со нова, интуитивen инфозабавен систем и 10-инчен екран на допир во боја.
Intelli-Lux LED® matrix светла без сјај, кои Corsa ги донесе во сегментот на мали автомобили во 2019 година, се исто така уште подобри и попрецизни – сега со 14 LED елементи. А најновата интерпретација на бестселерот на мали автомобили може да се пофали и со висока технологија под капакот на моторот. Corsa Electric сега доаѓа и со поголема моќност и подобрена батерија што овозможува опсег до 402 km според WLTP. Останатите погони се исто така вистинска новина. Corsa е првиот модел на Opel кој ќе биде достапен како хибрид со систем од 48 волти. Така, новата Corsa им овозможува на клиентите избор на погони, од чисто електричен до хибридни и високоефикасни мотори со внатрешно согорување, што е незабележано во овој сегмент.
– Opel Corsa е бестселер повеќе од 40 години. Во изминатите две години беше најпродаваниот мал автомобил во Германија и во 2021 година најпродаван автомобил во Велика Британија. За нас, овој успех е потврда за нашата работа и дава дополнителна мотивација за уште поголемо напредување. Новата Corsa е уште помодерна, уште поемотивна и подобра. Со нејзиниот неверојатен дизајн, најсовремените технологии кои се карактеристични за повисоките сегменти и новата електрична и хибридна технологија без емисии, сакаме да ги инспирираме клиентите и да им покажеме што можат да очекуваат од еден мал автомобил денес – изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl.
Смел, елегантен, полн со емоции: новиот дизајн на Corsa со Opel Vizor
Совршени пропорции и прецизност до најмалите детали, сето тоа спакувано во смел и елегантен изглед – ова е новата Opel Corsa. Дизајнерите го направија бестселерот на мали автомобили уште помодерен и уште постилски. Највпечатлива карактеристика е непогрешливиот Opel Vizor, карактеристичното лице на брендот кое ги краси сите нови модели на Opel. Црниот Vizor го покрива предниот дел на Corsa и беспрекорно ги интегрира решетката на возилото, LED предните светла и централниот Opel Blitz во еден елемент. Во зависност од нивото на опременост, логото на брендот на предната и задната страна е претставено во привлечна црна или мат сатенска сребрена боја. Оптичките „влезови за воздух“ во долниот дел на предниот браник се поголеми и поистакнати од порано, што ја прави Corsa уште повпечатлива на патот.
Страничниот поглед на новата Corsa импресионира и со карактеристичните линии. Се чини дека „пробиениот“ С-столб дозволува покривот, кој доаѓа во црна боја (во зависност од нивото на опременост), да „лебди“ над возилото. Задниот дел исто така прикажува јасна слика: табличката на Corsa сега се појавува, како што за прв пат беше видено пред неколку месеци на ограниченото издание „Opel Corsa 40“, во центарот на задната врата. И бојата Grafik Grey, достапна за прв пат за Corsa, помага на оваа најнова генерација да блесне во нов сјај.
Интуитивен и фокусиран на најважното: новиот дизајн на кокпитот
Благодарение на бројните нови карактеристики како новите модели на седиштата, новата рачка на менувачот и дизајнот на управувачот, кај Corsa се создава современа атмосфера во внатрешноста. Сепак, најважното – и визуелно и технички – е опционалниот целосно дигитален кокпит со нов инфозабавен систем. Интегрираната платформа Snapdragon Cockpit од Qualcomm Technologies има подобрена графика, мултимедија, компјутерска визија и вештачка интелигенција (AI) за да обезбеди поинтегриран, контекстуално свесен и постојано приспособлив систем на кокпит кој може да се развива за да ги задоволи преференциите на патниците.
Исто како и во развојот на најновата генерација на Astra, беше применет принципот „Детокс до максимум“: системот за навигација овозможува поврзани услуги, препознавање на природниот глас „Hey Opel“ и ажурирања преку воздух. Дополнително, дисплеите на 10-инчниот екран на допир во боја на навигацискиот и мултимедијалниот систем и на екранот за информации за возачот се уште појасни, така што сите важни информации можат да се видат во дел од секунда. А најновата генерација има уште еден адут. За прв пат, паметните телефони компатибилни со Apple CarPlay и Android Auto ќе бидат поврзани со мултимедијалните системи на возилото и исто така ќе се полнат – и двете безжично.
Уште попрецизно: Intelli-Lux LED® matrix светлa со 14 LED елементи
Од 2019 година, приспособливите Intelli-Lux LED® matrix светлата без сјај кај Corsa покажаа како иновациите во сегментот на мали автомобили се достапни за секого. Инженерите континуирано работат на нивен понатамошен развој и новата Corsa има придибивки од тоа. Вкупното 14 наместо осум поединечно контролирани LED-елементи обезбедуваат стадиумско искуство во возењето што сега ги „отсекува“ другите учесници во сообраќајот уште попрецизно од порано.
Има и бројни други најсовремени системи за помош кои го прават возењето и маневрирањето порелаксирано. Понудата се движи од новата панорамска камера за возење наназад со висока резолуција до приспособливиот темпомат и ограничувачот на брзината и странична заштита до предупредувањето за можен преден судир со автоматско сопирање при итни случаеви и детектирање на пешаци.
Помоќна, поефикасна: Corsa Electric со подобрена батерија и нов мотор
Opel ќе стане целосно електричен бренд во Европа до 2028 година, 12 модели се веќе електрифицирани денес – а Corsa беше пионер во демократизацијата на електричните погони во портфолиото на Opel. Затоа, не е изненадувачки што Corsa-e ја освои наградата „Златен управувач“ во 2020 година. Целосното електрично возење во Corsa значи: патување без емисија на штетни гасови без компромиси – и кога ги извршувате секојдневните задачи и кога возите поради задоволство.
Новата Corsa Electric сега го носи ова на повисоко ниво: со поширок избор, поголема моќност, подобрена батерија и поголем опсег. Corsa Electric ќе доаѓа со две опции за електричен погон: бестселерот на мали автомобили ќе се нуди со 100 kW/136 КС и дополнително подобрен опсег до 357 km, како и со 115 kW/156 КС и опсег до 402 km според WLTP. Така, Corsa Electric не само што е многу ефикасна – со својата електрична енергија од батеријата и вртежниот момент од 260 Nm, таа исто така обезбедува чисто уживање при возењето. И кога Corsa Electric треба да се наполни, тоа може да се направи брзо. При брз полнач, батеријата достигнува до 80 проценти од вкупниот капацитет за само 30 минути (20-80 проценти).
Најновата генерација освен одличен опсег овозможува и забава при возење со одговорност: за прв пат, Opel на клиентите ќе им понуди можност да се префрлат на хибрид со систем од 48 волти. Моторите од 74 kW/100 КС и 100 kW/136 КС доаѓаат со нов автоматски менувач со двојна спојка. Во иднина, тие ќе ја надополнуват широката палета на економични погонски верзии од високоефикасни мотори со внатрешно согорување до целосно електричната Corsa Electric, со што постојано ќе ја продолжат електрификацијата на брендот.