More

    Дачиќ негираше дека бил на безбедносната конференција во Москва

    spot_img

    Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ негираше дека бил на меѓународната безбедносна конференција во Москва.

    По средбата со претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи, Дачиќ на новинарите им кажа дека е на вечера во Белград со Османи кога било соопштено дека тој е во Москва.

    Тој рече дека не добил покана за учество на таа конференција и затоа не му било предвидено ниту патување во Русија.

    Дачиќ изјави дека тој како министер за надворешни работи не може никаде да патува тајно, дури и да сака, бидејќи е придружуван од полициско обезбедување.

    Тој додаде дека нема причина да патува некаде тајно и дека секогаш ќе каже дали сака да отпатува некаде.

    Дачиќ оцени дека „со негативна конотација“ било соопштено дека е во Москва, како тајно да отишол таму.

    Тој изјави дека ова е уште еден пример за хибридна војна, односно лажни вести и посочи дека проблемот во Србија е што лажните вести не доаѓаат само од едната страна на светот, туку „кој ќе пристигне сее лажни вести“.

    Дачиќ рече дека Србија нема никакви тајни, но дека има официјални државни органи кои не кријат каде одат, прашувајќи зошто некој тајно би учествувал на јавна средба „на која некој ќе ги слика“.

    Тој праша и зошто, ако веќе учествувал на средбата во Москва, не е објавена неговата слика од средбата и посочи дека „прв ќе се сликал“.

    Белградските медиуми во средата објавија дека Дачиќ учествувал на пленарната седница на 11-та меѓународна безбедносна конференција во Москва.

    Како што се наведува, Дачиќ бил придружуван од првиот човек на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин, а почесен гостин на настанот бил претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img