More

    Професорот Светозаревиќ им одржа лекција на бугарски новинари во Пустец

    spot_img

    Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера им одржа лекција по историја на бугарските новинари кои беа дојдени во Пустец откако не успеа планот да се отвори бугарски клуб меѓу македонското малцинство во Албанија.

    Професорот смирено и со факти им одговараше на новинарите на прашањата зошто Македонците се против внесување на Бугарите во Уставот, зошто бугарските клубови мораше да бидат затворени и прашазошто Софија не ги признава Македонците во Бугарија.

    – Во 21-от век Бугарите не признаваат цел народ. 300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав. Дали ви е познато дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци во Пиринска Македонија. Дали во вашите учебници се учи некаде дека постои македонски народ – ги праша професорот новинарите од бугарските медиуми.

    Тој побара Бугарија да ја признае реалноста и тогаш двата народа можат да бидат најголеми пријатели.

    – Треба само да го признаете македонскиот народ и да сфатите дека постојат три милиони Македонци во светот. Во дипломатијата е јасен реципроцитетот – се признава македонско малцинство во Бугарија и се признава бугарско малцинство во Македонија. Вие го злоупотребувате ветото. Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови – им рече Светозаревиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img