Најбогатиот човек на светот, сопственикот на францускиот производител на луксузни производи Луј Витон (LVMH Bernard Arnault), изгубил 10,39 милијарди евра за еден ден, пишуваат медиумите.
Според извештаите, Арно ја изгубил таа сума во вторникот по значителниот пад на цените на акциите.
Берзите во САД бележат пад, а загуби особено бележи секторот на луксузни производи.
Акциите на компанијата Луј Витон паднаа за пет отсто, а на компанијата Керинг, сопственик на Гучи, за 2,97 отсто.
Пазарите се загрижени поради несигурната побарувачка за луксузни стоки во САД.
Бернард Арно и понатаму е најбогатиот човек на светот, а неговото богатство се проценува на 178,12 милијарди евра.
Разликата меѓу него и вториот најбогат човек на светот, шефот на Тесла и Твитер, Илон Маск, се намали на 11,13 милијарди евра.