Од утре по скопските улици повторно ќе возат приватните превозници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Приватните превозници од утре, (24 мај) се враќаат на работа и ќе се вклучат во јавниот превоз, откако потпишаа договор со новиот директор на ЈСП, Крсте Петковски.

Вкупно, 105 модерни приватни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди, согласно јавниот повик, ќе сообраќаат на скопските улици.

Тие ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52 и 54.

„Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса“ – соопшти ЈСП.

Share This Article