Синот на Талат Џафери стана јавен обвинител, Советот нема забелешки

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

За Советот на Јавни обвинители нема ништо спорно во биографијата на новоизбраниот обвинител Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието Талат Џафери, за кого ДКСК објави дека положил правосуден испит пред да дипломира.

На прашањето за биографијата на младиот Џафери претседателот на Советот на Јавни обвинители Антонио Јолевски рече дека целосната документација што е потребна за кај нив е важечка, а за останатото, според него, требало да се погрижат другите надлежни институции.

– Целосната документација што е потребна за кај нас ја има и е важечка, ние не можеме да се впуштаме во тој дел, не е наша надлежност. Оние институции кои треба да се грижат, би требало да интервенираат доколку сметале дека нешто не е во ред. Министерството за образование, Министерство за правда, кога полагале правосуден испит, ниту еден досега нема поведено постапка, ниту, колку што знам, ДКСК го има затворено предметот како предмет – рече тој.

Синот на собранискиот претседател Талат Џафери и сопругата на шефот на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази, Албулена Абази денеска беа избрани за јавни обвинители.

Џафери, кого го следеа многу контроверзи околу тоа дека предвреме полагал правосуден испит е избран за обвинител во гостиварското, а Абази на кичевското обвинителство.

На денешната седница на Советот избрани се 18 јавни обвинители во 12 јавни обвинителства низ земјава и еден основен јавен обвинител во штипското обвинителство.

Освен во гостиварското и кичевското, нови обвнители беа избрани и за обвинителствата во Битола, Велес, Делчево, Дебар, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово и Свети Николе.

– Да расчистиме со Основните обвинителства, да видиме колку ќе се пополнат, во кои обвинителства, а потоа ќе избереме и во Обвинителството за организиран криминал и корупција и Вишото Јавно обвинителство. Сето ова сакаме да го завршиме пред одморите, изјави Јолевски, претседателот на Советот.

Тој информираше дека празно останало само Јавното Обвинителство во Крива Паланка.

- Advertisement -
Ad image

– Гевгелија, Делчево и Ресен останаа со по еден обвинител кој до крајот на годината ќе замине во пензија, а распишавме оглас, но никој не се јавува. Тие се обвинителства кои сѐ додека постои ваквата организациона поставеност, треба да бидат пополнети – рече Јолевски.

Share This Article