More

    WhatsApp воведува опција за уредување пораки по испраќање

    spot_img

    Платформата за пораки WhatsApp најави дека на корисниците ќе им обезбеди нова опција за менување на пораките во рок од 15 минути од испраќањето.

    Оваа функција ќе им биде достапна на две милијарди корисници на апликацијата WhatsApp во наредните недели, јавува Би-Би-Си.

    Таква функција веќе нудат конкурентните апликации Telegram и Signal.

    WhatsApp е дел од американскиот технолошки гигант Мета, кој исто така ги поседува Фејсбук и Инстаграм, а како најголем пазар ја смета Индија со 487 милиони корисници.

    „Од корекција на едноставна печатна грешка до менување на контекстот на пораката, возбудени сме што ќе ви дадеме поголема контрола врз вашите разговори. Сè што треба да направите е долго да ја притиснете испратената порака и да изберете „Уреди“ од менито до 15 минути подоцна“, велат од WhatsApp.

    Изменетите пораки ќе бидат означени како „уредени“, така што примателите се свесни дека содржината е променета, но нема да им се прикажуваат постарите верзии на пораката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img