На 22.05.2023 околу 20.30 часот на улица „Железничка“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 46-годишната С.Ѓ. од Гостивар.
Таа се сомничи дека извршила кражба во трговски објект во Гостивар, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против С.Ѓ. ќе следува соодветен поднесок.
Приведена гостиварка поради кражба, одземените предмети вратени на сопственикот
 
			 
							 
								

 
                                
                             
















 
		 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		