More

    Наголемо се издаваат бугарски пасоши на Македонците во Албанија

    spot_img

    На утрешниот празник на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, во селото Пустец во Албанија каде што живеат само Македонци ќе биде отворен бугарски клуб.

    Ваквата информација преку социјалните мрежи ја објави претседателот на таканаречената бугарска фондација „Фондација Македонија“ Виктор Стојанов.

    „Пристигнавме во нашето село во Албанија. Пустец. Во среда на најголемиот бугарски празник тука ќе има бугарски собир“, пишува Стојанов во својата објава на Фејсбук.

    Мештаните тврдат дека на терен засилено се пропагира бугарска идеологија и наголемо се издаваат пасоши на Македонците во Албанија. Овие активности, според нив, се засилиле токму по потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија од 2017 година.

    – Тоа не е никава тајна, после потпишувањето на договорот за добрососедство и соработка помеѓу Македонија и Бугарија од 2017 година, бугарските активности во Албанија, а особено во Мала Преспа се засилија. Невработеноста и условите за живот ги тераат младите излезот да го бараат надвор од Албанија, а најлесен иззбор во моментов е бугарскиот посош со кој можат да патуваат и работаат низ Европа. На сите им е јасно, а особено и на оние кои го пропагираат ова дека во Албанија нема Бугари и дека единствениот интерес на сите жители од економски причини е токму пасошот кој им отвора можности на младите да се иселат и да работат во некои од странските земји – велат мештаните, пренесе Курир.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img