More

    Птичји грип во Бразил, прогласена вонредна состојба поради здравјето на животните

    spot_img

    Бразилското Министерство за земјоделство прогласи „вонредна состојба за здравјето на животните“ низ целата земја, најголемиот светски извозник на живина, бидејќи случаите на птичји грип се откриени кај дивите птици.

    Мерката, која ќе биде во сила 180 дена, има за цел „да се спречи (болестите) да влезат во производството на живина, како и да се зачува дивата фауна и флора и здравјето на луѓето“, се вели во соопштението на бразилското Министерство.

    „Ова овозможува мобилизација на ресурси за да се спречи ширењето на вирусот. Забранети се и саеми, натпревари и изложби на живина“, додаваат од Министерството.

    Бразилските власти во понеделникот објавија дека откриле три нови случаи на птичји грип, со што вкупниот број регистриран од средината на мај во земјата се искачи на осум. Сите случаи се однесуваат на диви птици во неколку области низ Бразил.

    Бразил е најголемиот светски извозник на пилешко месо со 35 отсто од пазарот, покажуваат податоците на Министерството за земјоделство за 2022 година.

    Птичјиот грип е причина за високата смртност кај дивите птици и живината. Оваа болест е ретко пријавена кај луѓето и обично се јавува преку близок контакт со заразени птици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img