More

    Бијонсе и сопругот Џеј Зи неодамна купиле дом во Малибу од 200 милиони долари со поглед на Тихиот Океан

    spot_img

    Бијонсе и сопругот Џеј Зи неодамна купиле дом во Малибу од 200 милиони долари со поглед на Тихиот Океан, со што го потпишале најскапиот договор за недвижнини во историјата на Калифорнија, според ТМЗ.

    Американската ар-ен-би пејачка Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи, си приредија луксузна вечера во елитниот „Бар кај Хари“ во центарот на Лондон откако го купија најскапиот имот во Калифорнија.

    Пејачката е во посета на Велика Британија во рамките на нејзината светска турнеја „Renaissance“. Според „Пејџ сикс“, кој се повикува на очевидци, парот вкусил „вкусно суфле“ во друштво на египетскиот претприемач и милијардер Насеф Савирис.

     

    Според наводите, двојката, меѓу другото, го прославувала и неодамнешно купување на палатата во Малибу, САД, вредна 200 милиони долари.

     

    Треба да се напомне и дека ова е вториот најскап купен имот во САД. Поскап е само претходно продаден стан во Њујорк – 238 милиони долари. Куќата е дизајнирана од јапонскиот архитект Тадао Андо, кој исто така работеше и на имотот на Кање Вест од 57 милиони долари. Таа беше понудена на аукција од колекционерот на уметнички дела Вилијам Бел, кој потрошил 15 години градејќи ја палатата. Тој првично побарал 295 милиони долари, но сепак направи отстапка.

     

    Бијонсе и Џеј Зи веќе имаат палата во Бел Ер – имот што го купија пред шест години за 88 милиони долари. Куќата сега се проценува на 100 милиони долари. Инаку, славните музичари се венчаа 2008 година, а ги имаат 11-годишна ќерка Блу Ајви и петгодишните близнаци Сер и Руми.

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img