More

    ГЕРБ и ПП се договорија за формирање коалиција со ротациски премиер

    spot_img

    Двете најголеми бугарски политички партии, централно-десничарската партија ГЕРБ и прозападниот блок предводен од „Промените продолжуваат“, денеска се усогласија да формираат коалициска влада со „ротирачки“ премиер, настојувајќи да стават крај на повеќе од две годишниот политички ќор-сокак во земјата.

    Неизвесната ситуација ја принуди оваа членка на ЕУ да го одложи планираниот датум за воведување на еврото, а нацрт-буџетот за 2023 година допрва треба да биде одобрен. Ова ја попречи Бугарија да ги повлече средствата од ЕУ за закрепнување на земјата по пандемијата.

    Се очекува поранешниот министер за образование Николај Денков од „Промените продолжуваат“ да го добие мандатот за состав на влада и првите девет месеци да ги извршува премиерските должности.

    – Ситуацијата е исклучително тешка. По петте избори по ред тешко е да се формира редовна влада и постои реална опасност да одиме на следните избори без јасен резултат – кажа Денков, пренесе веб-страницата „Софија глоуб“ на англиски јазик.

    Поранешната еврокомесарка Марија Габриел, членка на ГЕРБ, по девет месеци, според договорот, ќе ја преземе премиерската функција.

    На изборите на 2 април победничка партија беше ГЕРБ, која освои 69 од 240 места во парламентот, додека блокот предводен од партијата „Промените продолжуваат“ освои 64 места.

    За да може формално да го спроведе коалицискиот договор, Габриел денеска му го врати мандатот на претседателот Румен Радев што го доби за формирање влада на 15 мај, а тој сега треба да му го додели на Денков. Имињата на владините членови ќе ги соопшти во следните неколку дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img