Во Нацинален парк „Галичица” на местото Суво Поле 30-годишник од Данска, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки на земјен пат, вчера напладне изгубил контрола и паднал – информира ОВР Ресен.
Во несреќата данскиот државјанин Ф.М.М.Д. се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид.