Денеска околу 09.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба и од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К. од Куманово.
Како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), тој бил фатен веднаш откако со закана со пиштол одзел пари од вработен во спортска обложувалница на ул.„Благоја Стефковски”.
„Тој утрово побегнал од Казнено-поправната установа Затвор Идризово каде што издржувал затворска казна, а при лишувањето полициските службеници испукал еден предупредувачки куршум. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на казната“, наведено е во полицискиот билтен.