Илјадници граѓани на Белгра и Србија скандира „Вучиќу, оди си!“ на денешниот, трет митинг „Србија против насилството“ во организација на дел од опозицијата и граѓани на Србија.
Протестот започна во 18 часот пред Собранието на Србија, кое ја продолжи расправата за владиниот извештај за безбедносната состојба, по масовните убиства во Белград и на подрачјето на Смедерево и Младеновац, но без претставниците на Демократската партија и Клубот Зелено-левичарски, кои одлучија да не да учествуваат на седницата. Дебатата за извештајот, кој го образложи премиерката Ана Брнабиќ, започна во четвртокот попладне.
Како што јави Н1 Србија, организаторите на протестниот маршп повикаа на блокада на Газела и Бранков мост. Тие порачаа дека се подготвени да ја „блокираат цела Србија“. Според новинарите од терен, пред Собранието имало повеќе луѓе отколку на претходните протести. Луѓето се распослани од црквата Свети Марко, сè до Теразија.
Организаторите на почетокот на протестот ги повторија барањата и порачаа дека тие се „јасни“.
– Сакаме да живееме без страв во нашата земја. Тука сме затоа што сакаме Србија без насилство. Зарем тоа не им е јасно на сите? Тие што ја водат државата имаат апсолутна моќ, но и апсолутна одговорност. Не смееме да им дозволиме да си играат со нашите и со животите на нашите деца. Бараме да престане промовирањето на насилството на јавниот простор. Тоа подразбира итно разрешување на сите членови на РЕМ, итно откажување на емитувањето на реални програми и емисии кои промовираат насилство, агресија, неморал на телевизија со национална фреквенција. Бараме забрана на печатените медиуми кои промовираат насилство, агресија и објавуваат лажни вести, со кои го кршат новинарскиот кодекс – изјави Јелена Михаиловиќ, земјоделка, една од говорничките на протестот.
Таа рече дека е една од жртвите на режимот на Вучичќ, зашто нејзиното дете било исфрлено од градинка затоа што учествувала на протест на земјоделците.