More

    Деловникот за уставните измени е едногласно изгласан

    spot_img

    Рокови нема зацртано за уставните амандмани, но треба да се имаат предвид сите можности кои треба да се искористат, истакна претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска која ќе ги подготвува уставните амандмани преку кои ќе се внесат Бугарите во Уставот, што е предуслов за почеток на преговорите со ЕУ.

    – Деловникот е едногласно прифатен и оценет е како добар. Тој претставува добра основа која дава можност за работа без навлегување во дискусии што ќе ја одолговлекуваат работата. Сега приоритет е што побрзо државата да ги презентира резултатите од обврската што ја презела од меѓународниот договор. Засега не може да се отвораат други прашања за уставни промени, сега е важно да се направи нацрт-верзија за тоа што е важно. Не можам да ви кажам колку амандмани може да се изработат, ние треба да имаме одредени аргументи за нашите одлуки – изјави Николовска.

    Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот, денеска одржa седница на која на дневен ред беше усвојување на Деловникот за работa.

    – Прерано е да се дискутира за колку членови од Уставот ќе се интервенира – додаде Николовска и откри дека следната седница на работната група е на 26 мај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img