More

    Маж загина во Тузла, полицијата се сомнева дека постојат повеќе експлозивни направи

    spot_img

    Во населбата Молуха во градот Тузла во Босна и Херцеговина утрово се случи експлозија која ги вознемири граѓаните. Според неофицијални информации, активирана е бомба. Во експлозијата наводно загинал маж, а една жена била повредена, јавува Н1.

    Како што ни потврди портпаролката на МУП, Т.К. Аднана Спречиќ, дојавата ја добиле во 07:55 часот.

    – Имаше експлозија на првиот кат од куќата. Поради сомневање дека има повеќе експлозивни направи, специјалците и припадниците на КДЗ се на терен – изјави Спречиќ за Н1.

    Повеќе информации ќе бидат познати по истрагата која ќе започне дури откако ќе се утврди дека местото на настанот е безбедно од дополнителни експлозивни направи.

    – Пациентката со иницијали Е.О. е хоспитализирана на Одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезиологија и реанимација на Медицинскиот центар во Тузла, со повеќе повреди на екстремитетите, а во тек е подготовка за операција – изјави портпаролката на Медицинскиот центар во Тузла, Ерсија Ашчериќ-Мујединовиќ.

    Кантоналната полиција соопшти дека лекар ќе пристапи до телото на жртвата кога ќе се исполнат условите и ќе се спроведе истрага.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img