Британската принцеза Кејт Мидлтон (41) блесна во елегантен зелен фустан за време на посетата на центарот „Ана Фројд“. Кејт изненади со оваа комбинација, која е малку поинаква од нејзините вообичаени, бидејќи со шлицот покажа повеќе од вообичаено и се пофали со извајаните нозе.
Станува збор за темнозелен фустан од 3.450 евра од марката „Сузана Лондон“, кој го искомбинирала со бели салонки на модната дизајнерка Алесандра Рич. Белата верзија на овој фустан Кејт веќе ја носеше во 2022 година на комеморацијата во Гренфел Тауер, пишува британски „Експрес“.
Што се однесува до фризурата и шминката, принцезата со години е верна на класиката – фенирана коса и лесна шминка.
Зад модниот избор на Кејт за оваа пригода стои голема симболика. Имено, во Велика Британија се одбележува неделата на менталното здравје, а зелената лента е меѓународен симбол на движењето за подигање на свеста за менталните здравствени проблеми.
Во рамките на оваа посета, принцезата учествуваше на низа тркалезни маси за предизвиците во менталното здравје со кои се соочуваат младите денес, а времето го помина и разговарајќи со средношколци.
ФОТО: Инстаграм