More

    Ковачевски да даде отчет за патувањето на неговото семејство во САД, премиерот вели дека приватните патувања се приватна работа

    spot_img

    Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска во одговор на прашање дали постои сомнеж за корупција со оглед на тоа што премиерот Димитар Ковачевски ги повел своите деца во САД, каде бил на службен пат, изјави дека тој треба да покаже кој го платил патувањето.

    – Значи, треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош впечаток. Лоша перцепција се создава дека ако е таткото некој функционер може цела фамилија да оди. Не е единствен случај. За жал, таа перцпеција треба да се промени, но тоа ќе се промени со фактичка состојба. Нека оди, нека патува, но нека покаже кој тоа го покрива – рече Ивановска.

    Одлука за тоа дали ќе отворат предмет за овој случај, како што рече, ќе донесат денеска на колегиум и ќе известат.

    – Ние одлуките дали отвораме или не предмет ги носиме на колегиум. Денеска после овој настан ќе имаме колегиум и ќе ги известиме – посочи Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „Коле Неделковски“.

    На брифингот со новинарите кој се одржа во понеделникот, премиерот Димитар Ковачевски одговори на ова прашање.

    – Сите патувања се правени согласно закон и се покриени трошоци на делегацијата. Понекогаш сум придружуван од мојата сопруга ако тоа го бара видот на посетата. Приватните патувања на моето семејство се нивна приватна работа – рече Ковачевски.

    Прашана дали има етика и морал кај нашите функционери, Ивановска истакна дека кај нас нема доволно почитување ниту на законите, ниту на етичкиот кодекс.

    – Штом ми го поставувате прашањето многу јасно е дали има или нема, да не се праивме слепи при очи. Дали е доволно, да доволно е да има етички кодекс ако се почитува. Проблемот кај нас е што нема доволно почитување ниту на законите ниту на овие помеки мерки. Етичкиот кодекс е помека мерка, опомена. Некој да ме опомене за нешто нема да помсилам веќе тоа да го правам. Додека ние зборувавме за опомена на нашата конференција вие ми кажавте дека повторно го гледате истиот министер со службено возило. Значи опомената не делува, ако е така тогаш треба други мерки бидејќи тие мерки не делуваат. А видете ги примерите од странство, дали е така? Кога случајно министерката ја погрешила картичката и платила со службената да си купи ѓеврек веднаш даде оставка. Ѓеврекот не е материјална работа. Срамот е чувство што го носи само високоморален човек и самиот Фројд рекол „кој нема срам бега од него“ – нагласи Ивановска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img