Дваесет и шестгодишен жител на Виница ја претепал, ја силувал неговата 20-годишна невенчана сопруга и силувањето го снимал, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
Според полицијата, на 16. мај годинава полициски службеници од Полициската станица Виница го уапсиле Т.А.(26) од Виница затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20-годишна сопруга, ја силувал, при што направил снимка со експлицитна содржина, соопшти СВР Штип.
За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.