Непознато лице повикало полиција денеска околу 18 часот и пријавило дека со автоматска пушка и со бомба ќе дојде во Електротехничкото училиште „Стари Град“ во Белград, објави Blic.rs
Наставата веднаш била прекината, а училиштето евакуирано. Полицијата потоа утврдила дека анонимната пријава е лажна.