Момче на 25-годишна возраст е упасено денеска, откако со рачен ракетен фрлач „зоља“ пукало во напуштен објект во близина на железничка станица во селото Платичево, во близина на српскиот град Рума.
Момчето е уапсено откако полицијата добила анонимна пријава дека истрелало проектил кон напуштената зграда. По силната експлозија, зградта која се наоѓа наспроти железничката станица, се урнала. За среќа, нема повредени луѓе во инцидентот.
Според неофицијални информации, момчето кое пукало, неодамна било пуштено од невропсихијатриско лекување.