Деновиве повеќе македонски медиуми пренесуваат лажна вест за наводно уништување на реномираниот хотел „Десарет“ во Охрид од страна на студенти од Република Хрватска кој престојуваат во овој хотел на Балканските студентски игри.
ПО ЧИЈ ДИКТАТ СЕКОЈ ПОЧЕТОК НА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА Е МЕТА НА ЛАЖНИ ВЕСТИ?
Доколку се навратиме години наназад почетокот на туристичката сезона во најрепрезентативниот туристички центар во Македонија е проследен со серијали од лажни вести како на пример, една година истите тие медиуми објавија дека во Охрид има наезда од змии, друга година дека водата на Охридското Езеро е загадена и полна со радиоактивни честички, за најголемата објавена глупост беше онаа дека во водите на Охридското Езеро се појавиле чудовишта кои наводно живееле во праисторијата, а тогаш се работеше за едно поголемо јато на рибата крап која е дел од екосистемот на Охридското Езеро, но за оние кои генерираат лажни ексклузивни вести воопшто не претставуваше проблем од крап да направат чудовиште!!!
ХОТЕЛОТ „ДЕСАРЕТ“ ВООПШТО НЕ Е ДЕМОЛИРАН, ДЕМОЛИРАНИ СЕ МОЗОЦИТЕ НА КРЕАТОРИТЕ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ
Редакцијата на Охридскај денес го посети хотелскиот комплекс „Десарет“ лоцирано с. Пештани, комплекс кој е еден од поголемите хотели на охридската ривиера кои имаат капацитет да сместат 1000 гости. Во моментот кога новинарите од редакцијата пристигнаа во хотелскиот комплекс се служеше доручек за 1400 студенти – гости кои престојуваат во хотелот на Балканските студентски игри.
Хотелот „Десарет“ воопшто не е демолиран, туку напротив сведоци бевме на една голема организација од страна на вработените во хотелот, но и во организациската кондиција која ја има самиот хотел.
ШТО Е УНИШТЕНО ВО ХОТЕЛОТ „ДЕСАРЕТ“ ОД СТРАНА НА СТУДЕНТИТЕ?
Креаторите на лажни вести преку социјалните мрежи а попатно екстремно поддржани од македонските медиуми веќе неколку дена објавуваат лажни вести дека наводно хотелскиот комплекс „Десарет“ е демолиран, но вистината е сосема поинаква.
1.Скршени две стакла од прозорци, чија вредност за поправка изнесува 8000 денари.
2.Уништени два лустери, чија вредност изнесува 6100 денари.
3.Аспиратор за во тоалет, производство на Искра Р.Хрватска, во вредност од 3000 денари.
4.Фрлање на ѓубре од страна на гостите во кругот на хотелот, претставува штета само на домашното воспитување на гостите и елементарната култура која вработените во хотелот редовно го чистат.
КОЈ Е ЕКОНОМСКИОТ БЕНЕФИТ НА ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА ОД РАБОТЕЊЕТО НА ХОТЕЛ „ДЕСАРЕТ“ ?
Менаџментот на хотел „Десарет“ се погрижил претерано добро, а и нашол модус како да доведе туристи во Охрид, а и да ги наполни сопствените капацитети во услови кога европоско – балканската туристичка понуда е преголема, додека побарувачката е се помала. Месецот мај по обичај е почеток на туристичката сезона во Охрид и претставува репер каква ќе биде севкупната туристичка сезона во Охрид.
Хотелот „Десарет“ моментално има сместено 800 гости, но и преку нив во сместувачките капацитети во туристичкото место Пештани сместени се 400 гости, или сместувачките капацитети во с.Пештани преку Хотел „Десарет“ исполнет е 50 % што за овој месец од годината секако дека преставува одлична посетеност.
Сите ресторани во Пештани се отворени, што не било случај изминативе години истите да работат, што додатно го зголемува бенефитото од работењето на комплексот „Десарет“.
Уште поголем е фактот, дека операторите во Охрид само во овој месец од годината ќе инкасираат над 1 МИЛИОН Евра, зошто истите овие гости користат такси услуги, купуваат во продавниците, ги посетуваат ноќните клубови и останато…..
Доколку се погледне на вистината во очи, факт е дека во сите хотели во светот при организирани посети на ученици, студенти, а и останати гости, дел од гостите се однесуваат неодговорно спрема имотот на хотелите, апартманите и слично, што секако се инцидентни случаеви,а сепак поврзани со нивното домашно воспитание.
Зачудува фактот што нема соодветна реакција од ХОТАМ, зошто со ваква негативна кампања спрема туристичкиот бисер на Балканот Охрид, губат сите турустички организации во Македонија, губи македонската економија,но и се руши угледот на државата во целина…
С.Денесовски