More

    Само едно нешто го спасува Владимир Кецмановиќ од затвор

    spot_img

    Таткото на 13-годишниот Коста К. кој изврши масакр во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар би можел да се спаси од затвор само доколку во исказот кој допрва треба да го даде Коста посведочи дека тој сам дошол до шифрата за отворање на сефот за да ги земе пиштолите, тврди неимнуван соговорник од истрагата за Мондо.

    Доколку пак момчето каже дека татко му му ја дал шифрата, неговите тврдења ќе треба дополнително да се проверат, вели изворот.

    – Ова е многу тешка тема. Не може да му се замери ниту што го запоставил детето, бидејќи имало што да јаде и да облече… – вели соговорникот.

    Таткото пред Вишото јавно обвинителство во Врачар негирал дека сторил кривично дело.

    Таткото, познатиот радиолог Владимир Кечмановиќ, го носел Коста во стрелачки клуб за да вежба гаѓање со огнено оружје. Постои сомневање дека како резултат на неговите дејствија, неговиот син на 03.05.2023 година успеал да добие пиштол „ЦЗ сенка“ калибар 9х19мм и пиштол „Ругер МК“ калибар 22 мм ЛР, за кој пријавениот поседува дозволи од надлежниот орган, а кој се наоѓал во непрописно обезбеден метален сеф во плакарот лоциран во холот на станот.

    Таткото постапил спротивно на одредбите од Законот за оружје и муниција и спротивно на член од Правилникот за просторни технички услови за безбедно чување на оружјето и муницијата, бидејќи не обезбедил услови за безбедно сместување и чување на оружје и муниција за да не можат да дојдат во сопственост на неовластени лица, односно да бидат заклучени и одделно одделени во сефови, каси или слични ормари кои не можат лесно да се отворат.

    Сепак, додека бил во притвор, таткото на ниту еден начин не го прекршил куќниот ред што важи за сите лица во притвор, ниту на кој било начин го загрозил својот живот или животот на друго лице. Со оглед на тоа што се работи за лице кое е во притвор, изнесувањето на каква било друга информација освен горенаведеното би значело прекршување на Законот за заштита на лични податоци.

    Неодамна, српски Информер напиша вест во која ја сподели шпекулацијата дека таткото пробал да се самоубие во затвор удирајќи си ја главата во ѕид. Веста која брзо се рашири по српските медиуми подоцна ја демантираше српската Управа за извршување кривични санкции.

    Истрагата покажа дека Коста К. застрелал 16 луѓе за 120 секунди, а испукал вкупно 57 истрели. Со осум куршуми го убил најдобриот друга. Усмртил осум девојчиња, едно момче и чуварот на училиштето. Ја рани наставничката по историја и петмина пријатели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img