More

    16 свлечишта во Словенија, Хрватска се бори со реките Корана и Зрмања

    spot_img

    Бранот дождови и поплави освен Хрватска зафати и делови од Словенија и од Војводина во Србија. Во Нови Сад повредени се две лица во големото невреме со дожд и град кое вчера траело два часа. Поплавени се десетина куќи. Три лица биле евакуирани. Неколку пати интервенирале и екипи на Брзата помош, а дошло и до верижен судир во кој едно лице е повредено. Сообраќајот е во застој во повеќе делови од градот.

    Во Словенија биле предизвикани 16 свлечишта, а пожарникари и околу 100 војници помагаат за извлекување на водата од подрумите на објекти и магацини низ земјата. Сообраќајот е прекинат во повеќе патишта се во прекин.

    Хрватска и денеска е зафатена со поплави. Реката Корана и Зрмања достигнаа рекорден водостој, а само растот на Уна во Костајница е делумно сопрен.

    Во Сисак попуштил насипот, а три села во Банија се потполно осечени, пишува Јутарни. Единицте на војската тргнаа кон Сисак.

    Водениот бран продолжува да минува низ Карловац. Според мерењето на „Хрватски води“ во 18 часот, Купа е на 842 и паднала за 5 сантиметри, но Корана не попушта и продолжува да ја „храни“ Купа со историски рекорден водостој од 852 сантиметри.

    Хрватскиот премиер за медиумите изави дека ситуацијата во Костајница во моментов е сложена, но дека се сторени напори и дека „се прават чекори напред“. На прашањето дали е задоволен од брзината со која се гради системот за одбрана од поплави во тој град, тој одговори дека „можеби може и подобро“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img