Американскиот претседател Џо Бајден нема да понуди извинување за нуклеарните бомби фрлени во Јапонија, јави Белата куќа. Тој пристигна во Јапонија каде како еден од лидерите на Г7 ќе учествува на самитот. Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан, изјави дека настанот на кој Бајден ќе присуствува не е соодветен за ваков гест, пишува Инсајдер.
– Претседателот нема да даде изјава во Меморијалниот парк на мирот (во Хирошима). Тој ќе учествува со другите лидери на Г7 на положување венци и на неколку други настани, но, според неговото мислење, ова не е билатерален момент – рече Саливан.
Бајден заедно со колегите од Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија треба да положи венци и да засади дрвја во паркот.
Бомбардирањето на јапонските градови Хирошима и Нагасаки се случи на 6 август пред 78 години, на самиот крај на Втората светска војна.
Прв американски претседател кој го посети споменикот во Меморијалниот парк беше Барак Обама во 2016 година, но и тој не се извини.
Некои јапонски политичари побараа од САД да понудат официјално извинување за бомбардирањето.