Еден од тивките херои или антихерои на реванш полуфиналето на Лигата на шампионите на „Етихад“, во зависност од тоа дали сте син или црвен дел од Манчестер, беше Патрис Евра. Легендарниот француски фудбалер од првиот ред го гледаше демолирањето на Реал Мадрид од страна на Сити како стручњак на CBS.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се појави на стадионот на градскиот ривал Сити облечен во црвено од глава до пети, што многумина јасно го протолкуваа како провокација.
Исто така, Сити добро се сети на неговите зборови од минатата сезона. Потоа, по пресвртот на Реал изјави дека играчите на Сити „едноставно се збркале“.
По последниот свиреж на судијата, додека играчите на Пеп Гвардиола славеа со навивачите, неговиот помошник Манел Естиарте во додавање му фрли на Евра: „Ова е за тебе“.
Евра подоцна објасни дека Естиарте тоа го кажал токму поради неговите изјави од минатата сезона. Французинот изгледаше како да треба да се степа, но дуото се смири по туркање.
„Овој пат не се насмеаја и толку. Знаете дека сум искрен“, му рече Евра на поранешниот играч на Сити, Мика Ричардс во емисијата по натпреварот.
Додека Џејми Карагер, Тиери Хнери и Ричардс беа расположени во извештајот на теренот на CBS по историскиот настап на Сити, Евра не беше импресиониран.
„Сите треба да се смират. Уште ништо немаат освоено, има уште еден натпревар“, изјави Евра, кој на стадионот дојде со обезбедување, очигледно очекувајќи проблеми поради изборот на костум.
Денеска повторно е херој на навивачите на Јунајтед и некако успеа да привлече големо внимание кон себе.