More

    Тројца руски академици кои работеле на развојот на хиперсонична ракетна технологија се соочуваат со „многу сериозни обвиненија“

    spot_img

    Тројца руски академици кои работеле на развојот на хиперсонична ракетна технологија се соочуваат со „многу сериозни обвиненија“, соопшти денеска Кремљ.

    Покрената е истрага за предавство, што ги разбранува духовите во руската научна заедница и ги исплаши академиците.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека е запознаен со отвореното писмо на сибирските научници во кое тие ги бранат своите колеги, но дека случајот сега е предаден на безбедносните служби.

    Во писмото објавено пред два дена колегите на академиците Анатолиј Маслов, Александар Шипљук и Валерија Звегинцева го изразуваат својот протест против нивното апсење и истакнуваат дека научниците се невини. Додаваат и дека обвинувањата ќе и нанесат сериозна штета на руската наука.

    Сите тројца ги знаеме како патриоти и чесни луѓе кои не се способни да го направат тоа за што се сомничат“ – се наведува во писмото.

    Претседателот Владимир Путин сака да се пофали дека Русија е глобален лидер во развојот на хиперсонични ракети што можат да патуваат со брзина до 10 маха (12.250 км/ч) за да ја избегнат непријателската противвоздушна одбрана.

    Украина вчера соопшти дека за само една ноќ успеала да уништи шест од хиперсоничните ракети „Кинжал“, кои Русија претходно ги опишувашњ како незапирливи.

    Уапсените научници со години учествуваат на научни конференции на оваа тема и имаат објавено голем број стручни написи и книги на тоа.

    Во отвореното писмо од нивните колеги од ИТАМ, Институтот за теоретска и применета механика од Новосибирск, се наведува дека податоците презентирани од научниците на меѓународни форуми биле постојано проверувани за да се осигура дека не вклучуваат доверливи ограничени информации.

    Но, се покажа дека „секој напис или научен извештај може да резултира со обвинение за велепредавство. Во оваа ситуација не само што се плашиме за судбината на нашите колеги, туку во исто време и самите не знаеме како ќе продолжиме непречено да ја работиме нашата работа. Веќе сега најдобрите студенти ги одбиваат понудите да се приклучат на научната заедница и да дојдат да работат со нас, а нашите најдобри млади вработени ја напуштаат науката“ – се додава во отвореното писмо.

    На новинарско прашање за писмото на научниците, портпаролот на Кремљ, одговори дека „го добивме писмото и апелот, но сега руските безбедносни служби работат на тоа.

    – Тие си ја вршат својата работа. Тоа се многу сериозни обвинувања – рече Пасков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img