Партиските кадри и реализирањето на антимакедонската агенда на власта се дрзнуваат да ја забранат македонската историја за најмладите, иако народот ги плаќа да работат во негов интерес – реагира Лецица на информацијата за исфрлање на песната „Нешто ќе ти кажам бабо“, во која се спомнува и Гоце Делчев, од завршната прослава на децата од скопската градинка „Лале“, клон на градинката „Срничка“.
„Партиските полтрони во управниот одбор и директорот во градинката „Срничка” се дрзнаа да забрануваат македонски песни каде се опејуваат херои од македонската историја со цел да им се додворат на властите, кои ги поставиле на позицијата и со антимакедонската и врховистичка агенда на негирање и бришење на историјата се оддолжуваат на пробугарската СДС за позицијата на која ги поставиле.
Ова однесување на партиските полтрони во управните одбори и директорката кадар од СДС во градинките на територијата на Општина Аеродром не смее да се дозволи и да остане неосудено од страна на општината и родителите на засегнатите деца.
Левица силно се противи на орвеловската агенда на врховистичката СДС која на секаков можен начин се труди да ја забрани, избрише и однесе во заборав историјата на Македонците со цел да се додворат на своите газди во Софија и Мала Речица“ – се вели во реакцијата на Левица.