More

    Џони Деп доби седумминутни овации во Кан, едвај ги задржува солзите

    spot_img

    Актерот Џони Деп беше обземен од емоции по овациите што ги доби по премиерата на неговиот камбек филм Jeanne du Barry на Канскиот филмски фестивал.

    За прв пат откако заврши „судењето на векот“ со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Деп се прошета на црвениот тепих пред воодушевените обожаватели. По прикажувањето на филмот, публиката го награди со седумминутен аплауз.

    Луѓето станаа и почнаа да аплаудираат, а Деп едвај ги задржа солзите, стегнувајќи ја главата пред да го прегрне францускиот режисер на филмот Мајвен Ле Беско.

    Филм за враќање
    Да потсетиме дека по судењето, кариерата на Деп беше неизвесна, па неговиот камбек филм предизвика многу контроверзии. Деп во филмот го отелотвори ликот на францускиот крал Луј XV. кој се заљубил во проститутка.

    Директорот на фестивалот Тиери Фремо ја бранеше својата контроверзна одлука да го отвори фестивалот со филмот на Деп наведувајќи ја слободата на избор.

    „Имам само едно правило во мојот живот: слобода на мислата и слобода на говор и дејствување во законски рамки. Ако на Џони Деп му беше забрането да глуми во филмот или ако филмот беше забранет, немаше да бидеме тука да зборуваме за тоа“, изјави тој.

    „Ако има еден човек на овој свет кој нема ни најмал интерес за неговото судење, тоа сум јас. Не знам за што се работи. Се грижам за Џони Деп како актер“, додаде тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img