Тродневниот фестивал со авангардни изведувачи се одржува по четврт пат

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Утревечер почнува 4. издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ и ќе трае до 20 мај.

Организаторите на фестивалот на денешната конференција за печат ја најавија програмата за трите фестивалски вечери, кои ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар и предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија.

– Ми се чини дека нашиот фестивал полека почнува да добива облик, па и да стои на сопствени нозе. Четврто издание, најквалитетна и најразновидна понуда досега, атрактивни гости, цврста автентична домашна програма, како директен одраз на работата на нашата дискографска куќа. Фестивалот активно соработува со европската програма МОСТ, локалните културни оператери „Аудиокултура“, а се јавуваат и други потенцијални соработници. Полека, но сигурно, обликуваме нешто препознатливо, нашата визија е сѐ појасна и за нас и за публиката. Одиме напред – изјави Мирко Попов, кооорганизатор на фестивалот.

Фестивалот ќе се отвори со настап на Дамир Имери Трио на малата сцена во Филхармонија со почеток во 20 часот. Тромбонистот Имери е тивка легенда на современата македонска музика. Истата вечер, на фестивалот ќе настапат Перфорто (Perforto) од Полска.

Во петок (19 мај), со почеток во 19 часот, во лобито на кино Фросина – МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“. Веднаш потоа, од 21 часот во киното Фросина ќе се реализираат два концерти, Филип Букршлиев/Благојче Томевски, на бас кларинет и гитара и настап на Глигор Кондовски/Владан Дробицки на виолина, електроника и тромбон.

Во сабота, во денсинг салата на МКЦ, со почеток во 21 часот ќе настапат „Ларта“, проектен состав на тапанарот Дино Милосављевиќ. Фестивалското издание ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui) од Хрватска, загрепски квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, електроника и рокенрол.

За затворањето на фестивалот, по 23 часот предвидена забава со ПМГЏез диџеј сет на Мирко Попов, во лобито на киното Фросина.

– Како организатори, не израдува вибрантноста на домашната сцена. Едноставно немаше можности за концертна презентација на сите аудио остварувања на ПМГЏез. Моравме да направиме избор од 4 проекти реализирани изминатата година. Успеавме да го поканиме за настап, во моментот најжешкиот хрватски џез состав ЧУИ, кој само пред некоја недела освоил три ПОРИН награди (имаат вкупно 7). Нѐ израдува понудата на нашиот полски партнер од проектот -програма за размена на фестивали, така што составувањето на музичката програма беше мошне едноставно – вели Владан Дробицки, коорганизатор на „Крај Вардарот Џез“.

Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) на европскиот проект „МОСТ“ за развој на сцената на светска музика на Балканот, и соработува со еден од најрелевантните промотери на музика во земјава – „Аудиокултура“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article