Пригожин не сака друштво во Бахмут

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Озголасениот „готвач на Путин“ кој неколкупати се мислеше дали да се повлече од клучниот град Бахмут во Украина, можеби веќе е во нова каша. Рускиот канал на Би-Би-Си пишува дека на Вагнер таму друштво им прават и три приватни милиции(ПМЦ) меѓу кои една финансирана од милијардерот Андреј Бокарев, ПМЦ Редут и други.

Пригожин досега не изрази пофални зборови за овие новонастанати милиции. Напротив, тој неодамна ги нападна војниците на нафтената компанија „Гаспром“ дека ги напуштиле позициите „кои Вагнеровците ги зазедоа со голема тешкотија“ и дека не им го заштитиле „крилото“.

Во интерјву на Телеграм од 21 април Пригожин иронично рече дека борците на Поток наводно земаат огромни плати – „такви за да им летаат чизмите“.

– Треба да пријават во Кремљ каква класа *** се, дека создале своја платеничка милиција. Но, немаат авијација, немаат артилерија, немаат електронско војување, немаат РЕР (електронско војување и електронско разузнавање), без муниција се, немаат дронови и немаат лекари. И тоа е само половина од неволјата. А главната неволја започнува кога она што сте го создале нема контрола. За да се борите, треба да имате тактички команданти – изјави Пригожин.

Од своја страна, борците на Поток уште на 23 април во видео му се пожалија на Владимир Путин дека се во лоша состојба иако успеале да влезат во зоната на Бахмут, дека не се снабдени со оружје, а дека кога биле принудени да се повлечат добиле „смртни закани“ од Вагнер.

Пригожин на 9 мај директно му се обрати на раководството на „Гаспром“.

– Зошто трошите народни пари, собирате луѓе и ги праќате на месо? Нивните мајки ќе дојдат и ќе ви дадат **** (ќе бидат несреќни). Престанете да правите глупости, ова е војна!

Освен „Поток“, „Редут“, во Омск под името „Гаспромнефт Окрана“ беше создадена милиција на чело со поранешен заменик-шеф во руското МВР во Архангелск. Друга формација пак, под името „Волонтерски баталјон“ беше регистрирана како бизнис.

Руската влада проба да го оправда создавањето на овие милиции како потреба да се заштитат капацитетите на компанијата „Гаспром“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article