Силна експлозија се случи во фабриката за преработка на дрво во Рума.
Експлозијата се случила во 10 часот и 35 минути, во продукциската хала, јавуваат медиумите.
Дошло до експлозија на контејнер за пилевина, при што четворица работници се здобиле со повреди од неутврден степен во вид на изгореници по телото. Повредените се пренесени во болницата во Сремска Митровица.
Судејќи по видеото кое се појави на Инстаграм профилот на 192.rs, од зградата може да се забележи густ чад.