Македонија успешно ги одби нападите на „аѕурите“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Фудбалската репрезентација на Македонија има 0:0 по првите 45 минути против Италија во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на СП во Катар.

Првото полувреме помина во доминација на италијанските фудбалери, додека избраниците на селекторот Благоја Милевски успешно се бранеа и шансата ја бараа преку контранападите во кои имаше две изгледни шанси.

„Аѕурите“ уште од првата минута тргнаа офанзивно по голот на Столе Димитриевски, но немаа сериозна шанса. Во петтата минута, Александар Трајковски повлече контранапад, но додавањето до Милан Ристовски не беше најдобро и одбраната на Италија ја собра топката.

Италијанците продолжија со нападите, а во 20 минута, шутевите на Берарди и на Имобиле од шеснаесетникот беа блокирани од македонските дефанзивци.

Во 30 минута, Димитриевски направи грешка и во обид да исфрли му ја подари топка на Берарди, но за среќа италијанскиот напаѓач не успева да погоди од 16 метри.

Потоа во 38 минута Чурлинов искристи грешка на последната линија на Италијанците, но беше стигнат од Флоренци и тоа во последен момент пред да упати удар кој голот на Донарума. До крајот на првиот дел немаше посериозни шанси на двете страни, а Македонија преку Александар Трајковски во 45 минута го упати првиот удар кон голот на Донамрума.

Share This Article