Визното усогласување на Западен Балкан со ЕУ влијаеше на намалувањето на илегалната миграција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Визната хармонизација на земјите од Западен Балкан со Европската унија влијаеше на намалување на бројот на илегални мигранти во ЕУ од овој регион, се наведува во извештајот на Европската комисија за состојбата во Шенген зоната, кој беше објавен денеска.

Мерките, кои беа спроведени во текот на минатата година, како што е усогласувањето на визните политики на Западен Балкан и ЕУ, „веќе дадоа добри први резултати со намален број на нерегуларни влезови во ЕУ од овој регион“.

Во извештајот се наведува дека нерегуларната миграција минатата година достигнала највисоко ниво од 2016 година, со 330.000 нелегални гранични премини пријавени од Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс).

Таканаречената балканска рута учествуваше со 43 проценти од сите нередовни влезови во 2022 година, а зад неа, втора најфреквентна рута беше медитеранската рута.

Илегалните миграции, се додава, носат со себе ризици како што се експлоатација и опасност, што ги носат со себе илегалните морски и копнени патишта.

Благодарение на зголемените контроли на надворешните граници на ЕУ, во извештајот се оценува дека блокот е подобро подготвен од 2015 година за заеднички да го спречи нелегалниот прилив на мигранти.

„Во последниве месеци, беа направени напори за подобрување на граничните способности и поддршка за купување системи за електронски надзор на надворешната граница“, се вели во извештајот.

Заедничката визна политика на ЕУ е составен дел на Шенген и е една од најважните алатки за решавање на безбедносните ризици и предизвици што ги носи нерегуларната миграција во Шенген зоната, се додава.

„Редовниот мониторинг на безвизните режими што ги има ЕУ со трети земји, особено со земјите од соседството на ЕУ, покажа дека остануваат важни предизвици во овој поглед“, се додава.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article