Група вооружени напаѓачи упаднале на фудбалско игралиште во централно Мексико и убиле тројца возрасни и тројца малолетници, соопштија во понеделникот официјални лица во мексиканската држава Идалго.
Соопштено е дека во нападот се ранети неколку лица, но дека локалното население не сакало да дава информации.
Началникот на локалната полиција Алехандро Росалес изјави дека нападот се случил во неделата во градот Атонилко де Тула, северно од предградијата на Мексико Сити.
Официјални лица не го наведоа мотивот за убиствата, но шпекулираа дека тие можеби се поврзани со спор меѓу локалните жители и група од соседно Мексико, кое го опкружува главниот град.
Во септември, четири лица беа убиени во сличен напад во Морелос, јужно од главниот град. Меѓу загинатите во тој напад беше и поранешниот градоначалник на Јекапикстла.