„Позицијата на САД по прашањето за државниот имот е јасна, конзистентна и не е променета со години. Државниот имот и припаѓа на државата и потребен е закон на државно ниво за да се регулира. Ова не е работа мислење, тоа е уставен и правен факт“, беше соопштено денеска од американската амбасада во Босна и Херцеговина.
Според американската амбасада во Босна и Херцеговина, само државите ги имаат потребните овластувања да ги наследат правата и обврските на државите претходници.
„Согласно меѓународното право и воспоставената државна практика, само државите ја имаат потребната јурисдикција да ги наследат правата и обврските на државите претходници. Во овој случај, таа земја е Босна и Херцеговина. Ова прашање беше решено со Дејтонскиот устав, кој е јасен и недвосмислен: „Република Босна и Херцеговина, чие официјално име отсега ќе биде „Босна и Херцеговина“, ќе го продолжи своето легално постоење според меѓународното право како држава“. Според меѓународното право и уставниот принцип на континуитет, Босна и Херцеговина е сопственик на целиот државен имот. Ваквото уставно уредување беше прифатено од двата ентитета со прифаќање на Дејтонскиот мировен договор, вклучувајќи го и Анекс 4, Устав на Босна и Херцеговина. Уставната јурисдикција на субјектите е подредена на нивната обврска да го почитуваат Уставот на Босна и Херцеговина“.
„Уставните и правните аранжмани поврзани со државниот имот дополнително се регулирани со законите на Босна и Херцеговина според Договорот за сукцесијата на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) од 2001 година, кој беше ратификуван од Парламентарното собрание на БиХ. Во овој договор, кој стапи на сила во 2004 година, беше прецизирано дека Босна и Херцеговина и четири други земји наследнички ќе го наследат „движен и недвижен државен имот“ на СФРЈ. Ова не е прашање на јурисдикција, туку на сопственост, како што беше случајот во Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија“, велат од Амбасадата.
Додаваат дека тоа не значи дека секое парче имот што и припаѓало на СФРЈ треба да биде трајно контролирано од државата Босна и Херцеговина.
„Меѓутоа, тоа не значи дека секое парче имот што и припаѓало на СФРЈ треба да биде трајно контролирано од државата Босна и Херцеговина. Од витално значење е да се регулира управувањето, а во некои случаи и сопственоста на овие средства меѓу различните нивоа на власт. Уставниот суд на Босна и Херцеговина беше јасен – Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина има ексклузивна надлежност за ова. Валидно решавање на ова прашање би донело економски придобивки за цела Босна и Херцеговина бидејќи компаниите и другите развојни проекти не можат да успеат доколку немаат јасно, законско право на сопственост на имот или јасни регулативи за неговата употреба. Во исто време, незаконскиот пренос на сопственост на државен имот од кој било субјект го изложува примачот на домашен и, потенцијално, меѓународен правен ризик. Лажните правни тврдења на властите на Република Српска и одбивањето на парламентарците на БиХ од Република Српска да соработуваат конструктивна со нивните колеги на државно ниво непотребно го продолжуваат решавањето на ова прашање. Тоа го спречува и целосното спроведување на агендата 5+2 дефинирана од ОХР, што е предуслов за затворање на ОХР“.
„САД даваат поддршка за напорите за усвојување закон на државно ниво со кој би се регулирало прашањето за државниот имот и конечно би се решило ова прашање и апелираат до сите страни да се ангажираат конструктивно“, заклучува американската амбасада во БиХ.